18 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвионот што се урна со бразилските фудбалери бил во сопственост на венецуелски...

Авионот што се урна со бразилските фудбалери бил во сопственост на венецуелски политичар и бизнисмен

aaa

Авионот кој се урна во близина на колумбискиот град Меделин во вторникот утрото, му припаѓал на венецуелскиот бизнисмен и поранешен политичар Рикардо Албасете, а екипажот на леталото со кое се превезуваа и бразилските фудбалери непосредно пред падот јавил за недостиг од гориво и откажување на системот за напојување, пренесуваат медиумите во средата вечерта.

Пред шест години, во 2010-та, поранешниот политичар Рикардо Албасете во Венецуела ја регистрирал воздухопловната компанија „Linea Aerea Meridena Internacional de Aviacion“ (LAMIA). Според агенцијата Reuters, Управата за цивилно воздухопловство на Венецуела не му издало лиценца на авиопревозникот, но причините за тоа не се прецизирани. Подоцна бизнисменот ги издал своите три авиона на независниот од неговата компанија авиопревозник „LAMIA Bolivia“, од кои еден се урнал во вторникот.

Според челникот на боливиската агенција за цивилна авијација, Цезар Варела, урнатиот авион бил сертифициран во јануари 2016 година.

Албасете претходно имал во сопственост и управувал со книжарници, енергетска компанија и организации за образовни услуги. Во 1990-те тој бил влијателен член на венецуелската лева социјалистичка партија Радикално дело.

Екипажот на авионот во кој настрада речиси целиот тим на бразилскиот фудбалски клуб Шапекоенсе, пред падот до контролата на летањето пријавил недостиг од гориво и грешка во системот за напојување со струја, пишува интернет изданието на дневниот весник El Colombiano, кој ја објавува аудио снимката од разговорот меѓу пилотот и диспечерот.

„Барам приоритет за слетување, имаме проблем со горивото“, зборува пилотот во втората минута од снимката. По разговорот со контролорот, авионот започнал со остро понирање. Во деветтата минута пилотот повторно воспоставува врска и вели дека „во авионот целосно откажал системот за снабдување со струја и нема гориво“. По три минути снимката завршува.

Како што претходно соопштија од меѓународниот аеродром „Хозе Марија Кордоба“, каде што требало да слета авионот во 22 часот по локално време или во 4 утрото по македонско, екипажот претходно пријавил итна ситуација поради „проблем со системот за електронапојување“. Директорот на Управата за цивилна воздушна пловидба на Колумбија, Алфредо Боканегра, не исклучи и тогаш дека причина за трагедијата можно да е недостиг од гориво.

Авионот на боливиската воздухопловна компанија се урна во близина на градот Ел Гордо, недалеку од општината Ла Унион, во департманот Антиокија, во понеделникот вечерта по локално време. Според последните податоци во него се наоѓале 77 лица, од кои 22 играчи на бразилски Шапекоенсе. Несреќата ја преживеаја шест лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП