24 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКВИЗ: Колку навистина знаете да управувате со парите?

КВИЗ: Колку навистина знаете да управувате со парите?

pismeni-finansiski

Април е месец на финансиска писменост, и ако има едно нешто што го знаеме со сигурност, тоа е дека едукација на луѓето за тоа како да управуваат со нивните пари не може да почне доволно рано.

Во едно неодамнешно истражување на меѓународната организација на жените за финансиската писменост овластена од страна на Visa, САД се рангираше последна меѓу 27 земји кога станува збор за прашањето:

“До кое ниво можете да кажете дека тинејџерите и младите луѓе во вашата земја ги разбираат  основите за управувањето со парите и се соодветно подготвени да управуваат со нивните пари?”

Само 17% од испитаниците изразиле доверба дека младите луѓе почнуваат да ги разбираат основите на финансиите.

Се разбира, учењето преку пример е еден од најсигурните начини да научат децата. Тука се и 8-те прашања за парите за да ги предизвикате вашите основни знаења за управувањето со финансиите.

Земете лист хартија и испробајте го нашиот тест.

 

Дали сте финансиски писмени?

 

1. Колку од вашите приходи треба да се трошат за месечните домашни режиски трошоци?

test1

    А. 50 проценти

    Б. 43 проценти

    В. 31 процент

 

2. Ако сакате да го подобрите вашиот кредитен рејтинг, кој чекор е најдобро да се преземе?

test2

    А. Да ги затворите кредитните картички кои не ги користите

    Б. Отплатете го долгот по минимум 25 проценти од кредитните картички

    В. Консолидирајте го долгот на една кредитна картичка

 

3. Колкав треба да биде вашиот фонд за итни случаи?

test4

    А. 30.000 денари

    Б. Два месеци кирија или две рати од хипотекарниот кредит

    В. Колку трошоците за живеење за 6 месеци

 

4. На кој од овие лица најмногу им е потребно животно осигурување? 

   test5

    А. Самохрана мајка со две мали деца

    Б. Двајца во брак без деца

    В. Една постара вдовица

 

5. Кои од следниве работи не се дел од вашиот кредитен извештај?

test6

    А. Вашата моментална состојба на кредитната картичка

    Б. Вашата историја на плаќање

    В. Вашиот приход

 

6. Кои од следниве поединци ќе платат најмногу камата на нивната кредитна картичка со текот на времето?

 test7

    А. Оној што прави минимална уплата на кредитната картичка секој месец

    Б. Оној кој што ја уплаќа целата сума од долгот на крајот на месецот

    В. Оној кој понекогаш плаќа минимум од месечниот долг, понекогаш плаќа помалку од минимумот, а одвреме навреме пропушта да плати рата од долгот

 

7. Ако вашиот кредитен рејтинг е влошен затоа што нередовно ги плаќате вашите сметки, кој е најдобриот начин да го подобрите вашиот резултат?

test8

    А. Плаќајте ги сметките навреме

    Б. Рефинансирајте ги кредитните картички во друга банка

    В. Откажете ги вашите кредитни картички

 

8. Кој од овие пензиски штедни планови ќе резултира со најголема сума кога поединецот ќе наполни 65 години?

 test9

    А. Некој кој штеди 30.000 денари годишно од 25 до 35 години со камата од 8 проценти, и потоа ќе престане да штеди

    Б. Некој кој штеди 30.000 денари годишно од 35 до 65 години со камата од 8 проценти

    В. Подеднакво двајцата

 

Точни одговори на тестот

1. В

2. Б

3. В

4. А

5. В

6. В

7. А

8. А

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП