19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнтензитетот на сообраќајот умерен, без струја денес тунелот во Катланово

Интензитетот на сообраќајот умерен, без струја денес тунелот во Катланово

veles-katlanovo

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по наместа влажни коловози. Според информација од РЦУК, во четврток, тунелот Катланово (Општина Петровец) ќе биде без електрична енергија од 08:45 до 14:30 часот.

Во клисурите и усеците можна е помала појава на одрони, особено на патните правци: Кочани-М.Каменица-Делчево, Виница-Берово, Гостивар-Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија-Удово, Катланово-Велес, Крушево-Демир Хисар и Ресен-Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП