4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДенес е жрепката за ЕП за фудбалери до 21, Македонија во третиот...

Денес е жрепката за ЕП за фудбалери до 21, Македонија во третиот шешир

u21-696x483

Полскиот град Краков, во четврток (18 часот), ќе биде домаќин на жрепката, со која ќе бидат одредени групите за Европското првенство, за фудбалери до 21 година. Македонија на извлекувањето се наоѓа во третиот „шешир“.

Младите македонски фудбалери кои остварија историски успех со пласманот на завршницата на Европското првенство од третиот „шешир“, заедно со Италија, Чешка, Шведска, Србија и Словачка ќе ги чекаат противниците.

Домашната селекција ќе биде носител на А групата, а во првиот „шешир“ уште се и Германија, односно Португалија.

Англија, Шпанија и Данска се репрезентациите кои се наоѓаат во третиот „шешир“.

Репрезентациите ќе бидат сместени во три групи со по четири тима, а во полуфиналето ќе се пласираат победниците на групите и најдобрата второпласирана репрезентација.

Европското првенство во Полска ќе се одржува од 16. до 30 јуни 2017 година во Краков, Кјелце, Лубин, Гдиња, Бидгошч и Тиши.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП