23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСо 20.000 евра ќе се поттикнува купувањето на стан или куќа во...

Со 20.000 евра ќе се поттикнува купувањето на стан или куќа во Германија

germanija-dobra-sostojba-germany

Германската влада донесе на својата седница во средата одлука за субвенционирање за купување недвижнини со 20.000 евра, а истовремено се намалуваат и критериумите за градење во градските подрачја, што би го поевтинило градењето и би овозможило изградба на станови во подрачјата во коишто досега тоа не беше возможно.

„Со создавањето на ткн урбани подрачја целта ни е да го приближиме поимите на работата и домувањето и да создадеме услови за градење станови“, појасни министерката за градежништво Барбара Хендрикс од Социјалдемократската партија на Германија (SPD) по претставувањето иницијативата во Берлин.

Во ткн урбани подрачја е бидат намалени некои услови, како што е најголемото ниво на дозволена бука, коишто досега го спречуваа градењето станови во некои реони.

Друг елемент за поттикнување на градењето станови е и субвенцијата во висина до 20.000 евра за семејствата коишто имаат намера да градата или да купат недвижнина. Субвенцијата е предвидена за семејствата со годишни примања до 70.000 евра.

Како што објаснува министерката Хендрикс објаснува во разговорот за дневниот весник Rheinische Post од средата, министерството за градежништво веќе интензивно разговара со министерството за финансии за да се осигурат средства за овие субвенции.

Со доаѓањето на огромниот број имигранти и бегалци, но и од сите делови на Европската унија, во Германија последните години се зголеми проблемот со недостиг од станови, особено за становите за граѓаните со пониски лични примања.

Според бирото за статистика на ЕУ Eurostat, процентот граѓани кои живеат во сопствен дом, кој во Германија изнесува 52 отсто, е меѓу најнискиот процент во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП