Компанијата „Porsche“ си постави за цел да продаде годишно 20.000 примероци од електричниот „Mission E“. Ова го пишува весникот „Automobilwoche“ кој се повикува се на шефот на брендот Оливер Блуме. За споредба, „Tesla“ продаде 50.000 единици од „Model S“ во 2015-та година, а во 2016-та година овој резултат ќе се зголеми.
Концептниот „Porsche Mission E“ дебитираше во есента 2015-та година на автосаемот во Франкфурт. Четирите тркала управувани од двата електромотори кои нудат повеќе од 600 КС. Возилото е опремено со систем за погон на четири тркала и полесна шасија.
Коплетот литиум-јонски батерии овозможува „Mission E“ да помине околу 500 километри само со едно полнење. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 3,5 секунди, а за постигнувањето на брзината од 200 км/ч од место е 12 секунди.
Во развојот на електричниот модел, „Porsche“ вложи над 700 милиони евра. Претстои создавањето мрежа од станици со полначи кои ќе можат да се користат и од модели на други марки. Благодарение на новите технологии кои ќе ги користат Германците, полнењето на електричните модели на компанијата ќе трае 15 минути.
Предвидено е производството на „Mission E“ да започне во 2020-та година. По него ќе се појават електричен кросовер, како и спортски автомобил на струја.