1 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија ги замрзнува пристапните преговори на ЕУ со Турција

Германија ги замрзнува пристапните преговори на ЕУ со Турција

German Chancellor Merkel and Turkey's Prime Minister Erdogan shake hands following a joint news conference in Ankara

Германската канцеларка Ангела Меркел се залага за замрзнување на пристапните преговори меѓу Турција и Европската унија за полноправно членство, пишува во средата весникот Bild.

„Германската канцеларка и претседателка на Христијанско-демократската унија (CDU), Ангела Меркел, објаснила на состанокот со пратеничката група на Унијата CDU/CSU во вторникот дека е за тоа преговорите со Турција да бидат замрзнати“, пишува Bild повикувајќи се на извори во владејачката коалиција CDU/CSU.

На истиот состанок Меркел на пратениците им наложила во своите изборни кругови на избирачката база, доколку има прашања во однос на Турција, да објаснат дека со оваа земја нема да се преговара во иднина поради ситуацијата во оваа држава по пропаднатиот обид за воен преврат од 15-ти јули.

Претседателот на опозициската парламентарна партија Зелените, Џем Ездемир, кј има турско потекло, побара од сојузната влада водена од канцеларката Меркел на турскиот народ да му ја објасни актуелната политика кон Турција.

„Ние мораме да бидеме претпазливи и на турскиот народ да му дадеме до знаење дека овие мерки не се насочени против народот туку против (турскиот претседател Реџеп Тајип) Ердоган и неговата политика која земјата ја претвора во некој вид отворен затвор“, изјави Ездемир.

Тој во разговорот за јавниот телевизиски сервис ARD укажува дека германската влада на Турците и во Германија и во Турција мода „да им испрати јасни сигнали“ за поддршка на граѓанското општество во турската држава.

Замрзнувањето на пристапните преговори со Турција минатата седмица со необврзувачка резолуција побара и Европскиот парламент, по што турскиот претседател Ердоган индиректно се закани со прекинување на договорот со ЕУ според кој Турција го спречува продорот на имигрантите и бегалците од Блискиот и од Средниот исток кон западна и северна Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП