20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција подготвува кревање на максимумот за подигнување пари од банките

Грција подготвува кревање на максимумот за подигнување пари од банките

ATHENS, GREECE - JUNE 29: People wait in line to withdraw 60 euros from an ATM after Greece closed its banks on June 29, 2015 in Athens, Greece. Greece closed its banks and imposed capital controls on Sunday to monitor the growing strains on its crippled financial system, bringing the prospect of being forced out of the euro into plain sight.   (Photo by Milos Bicanski/Getty Images)

Владата во Атина планира да го зголеми до две илјади евра месечниот максимум за подигнување пари од банките.

Мерката е во рамките на олабавување на важечките капитални ограничувања во Грција наметнати пред една година со надеж дека штедачите ќе вратат дел од парите, кои беа повлечени во паника од нивна страна поради кризата, пишува „Етнос“, цитиран од агенциите.

Во моментов Грците можат да повлекуваат до 840 евра од банките на секои две недели. Зголемувањето на максимумот е по барање на грчката Асоцијација на банките.

Планот на Владата на Алексис Ципрас предвидува Грците да можат да ја повлечат целата сума еднаш месечно.

За да стане реалност, сепак за олабавување на капиталните ограничувања, мора зелено светло да биде дадено и од кредиторите на Грција. Тоа се очекува да се оствари, откако тие ќе ја завршат втората проверка на грчката програма, пишува уште во грчкото издание.

Властите во Атина се надеваат дека капиталните олеснувања ќе привлечат нови депозити. Ограничувањата беа воведени во јуни минатата година, за да се спречи масовното повлекување на пари од грчките банки, додека владата преговараше со меѓународните кредитори за доделувањето на финансиската помош на земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП