8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во Германија во ноември падна на 5,7 проценти

Невработеноста во Германија во ноември падна на 5,7 проценти

germanija-ekonomija

Стапката на невработеност во Германија во ноември се намали, бидејќи пазарот за труд во најголемата европска економија остана силен.

Стапката на невработеност во Германија во ноември се спушти на 5,7 проценти од 5,8 проценти во октомври, а без работа биле вкупно, 2,53 милиони лица, покажуваат податоците на германската Федерална канцеларија за труд, пренесува агенцијата АП.

Според десезонираните податоци, стапката на невработеност се задржала на стабилните 6,0 проценти, што е најниското ниво од обединувањето на Западна и Источна Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП