20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСаудискиот крал издвои милијарди долари за инвестиции

Саудискиот крал издвои милијарди долари за инвестиции

luksuz-business-saudijska-arabija-nafta-kriza-2

Саудискиот крал Салман го одобри денес издвојувањето на 100 милијарди риали (26,67 милијарди долари) од паричните резерви за пополнување на Јавниот инвестициски фонд (PIF), пренесува државната агенција SPA.

Овие средства ќе бидат искористени за инвестиции во земјата и странство и ќе помогнат во изградбата на приватниот сектор.

Во извештајот не е прецизен временскиот рок на реализација на инвестициите, но кажано е дека тие ќе се одвиваат во фази.

Според економските реформи објавени претходно оваа година, саудиските власти сакаат да го зголемат PIF, основан во 1971 година за финансиање на развојните објекти во земјата од 160 милијарди долари на околу два билиони долари.

Со тоа PIF ќе стане најголемиот државен фонд во светот, барем на хартија, ако не и по количината на расположливи средства за инвестирање.

Фондот во јуни купи удел во американската компанија Uber за 3,5 милијарди долари, а сега ќе се фокусира на домашните проекти, со цел да се намали зависноста на Саудиска Арабија од извозот на нафта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП