27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЦените на нафтата виновни за падот на профитот на Lukoil

Цените на нафтата виновни за падот на профитот на Lukoil

lukoil 43

Профитот на најголемата руска нафтена компанија во приватна сопственост Lukoil падна во третиот квартал повеќе од очекувањата поради намалувањето на цените на нафтата.

Нето профитот на Lukoil во периодот јули-септември изнесувал 54,8 милијарди рубљи (840 милиони долари), што е за 70 проценти пониско во однос на истиот период минатата година и значително помалку во однос на очекувањата на аналитичарите, пренесува агенцијата Франс прес.

Приходите на Lukoil паднаа за десет проценти, на 1.300 милијарди рубљи во однос на истиот период лани.

Овогодишните резултати, како што порачуваат од компанијата, се последица на ниските цени на нафтата, како и на воведувањето на поголем данок на експлоатацијата на сирова нафта.

Добивката на Lukoil по каматите, данокот, депресијацијата и амортизацијата (EBITDA) опадна за 22 проценти во третиот квартал, на 166 милијарди рубљи.

Lukoil, исто така, соопшти дека од почетокот на годината го намалил производството на нафта за 6,4 проценти, на просечните 2,2 милиони барели нафта дневно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП