29 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродажбата на мало во Германија забележа раст над очекувањата во октомври

Продажбата на мало во Германија забележа раст над очекувањата во октомври

malo-prodazba33

Продажбата на мало во Германија оствари раст од 2,4% во реални димензии на месечна основа во октомври, покажуваат прелиминарните податоци на статистичката служба „Destatis“. Според порталот „ForexFactory“ очекувањата беа за раст од 1%.

Во номинални димензии зголемувањето е 2,6%.

На годишна основа се забележува намалување од 1% во реални димензии и од 0,4% во номинални димензии.

Во првите девет месеци од годинава продажбата на мало во федералната република расте со 1,8% во реални и со 2% во номинални димензии во однос на истиот период од 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП