10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБез значителни промени на МСЕ

Без значителни промени на МСЕ

mk-berza224

Три акции во вторникот го задржаа интересот на инвеститорите, и тоа Комерцијална банка, Стопанска банка Скопје и Стопанска банка Битола.

Со КМБ беа тргувани 918 акции по просечна цена од 2.957,40 денари од акција, или вкупен промет 2,7 милиони денари), вкупно 2.266.

Со акцијата на СТБ беа истргувани по просечна цена од 3.290,00 денари, промет од 2,2 милиони денари, а пак со акцијата на СБТ беа реализирани 1.006 лота, од кои 1.000 преку блок трансакција, по просечна цена од 1.261,00 денари по акција (промет од 1,3 милиони денари.

Две акции забележаа поголем раст на вредноста и тоа акциите на РЖ Инженеринг и акцијата на Арцелормиттал ХРМ. Повеќето акции денеска се запишаа на листата на губитници.

МБИ10 денес забележа пад на вредноста од -1,24 отсто додека ОМБ остана непроменет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП