15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПарк со 400 садници на местото на запуштената површина кај поранешната КТК

Парк со 400 садници на местото на запуштената површина кај поранешната КТК

ktk-park33

Просторот на поранешното КТК на подножјето на Водно, под црквата Св. Јован во населбата Капиштец, доби нов изглед и парк.

Локацијата на новиот парк е со површина од 640 м2. Засадени се околу 400 зимзелени и листопадни садници, од кои 15 листопадни дрвја, останатите се зимзелени и листопадни садници и грмушки. Листопадните дрвја, како Албиција, имаат специфичен розов цвет во форма на паун, цветна слива и гледичија со жолти листови.

Дел од садниците цветаат и ја менуваат бојата, со што даваат колоритна слика на пејзажот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП