18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОЕЦД: Јапонија да го намали јавниот долг

ОЕЦД: Јапонија да го намали јавниот долг

japa1

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) денес ги поддржа напорите на Јапонија да стави крај на годините со дефлација, но таа побара Токио да направи повеќе со цел да го намали должничкиот терет.

ОЕЦД во својот годишен извештај наведува дека обидите на новата јапонска влада да го промени падот на цените со големи стимулативни мерки се многу охрабрувачки, пренесува агенцијата Франс Прес.

Критичарите велат дека политиката на премиерот Шинзо Абе и Банката на Јапонија би можела да направи голем јапонски јавен долг, кој е повеќе од двојно поголем од економијата на таа земја, како и највисок во индустријализираниот свет.

„Стопирањето на 15-годишната инфлација е приоритет. Одлучноста на новата влада да ја оживее економија преку стратегија која е комбинација од храбра монетарна политика, флексибилна фискална политика и поттикнување на економијата е многу охрабрувачка“, наведува организацијата.

Меѓутоа, од клучна важност е да се запре растот на долгот во однос на бруто домашниот производ (БДП), додаваат од ОЕЦД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП