17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Зимбабве воведени се должнички пари

Во Зимбабве воведени се должнички пари

zimb-00

Сурогатни пари, кои беа наречени „должнички сметки“ ( bond notes ) и еднакви по вредност на американскиот долар, се воведуваат во оптек во Зимбабве.

Целта е да се реши проблемот со недостигот на пари во готово, но пак овој чекор предизвика стравување дека хиперинфлацијата може да се врати во земјата, после преживеаната криза.

Владата во Хараре, раководена од Роберт Мугабе го усвои американскиот долар и јужноафриканскиот ранд во 2009 година, што целосно го обезвредни доларот на Зимбабве.

Пред седум години поради инфлација, која достигна 500 милијарди, во земјата се појавија банкноти со номинална вредност од 100 трилиони Зимбабве долари, но со нив не можеше да се купи дури ни основни продукти, како леб, на пример.

Националната валута престана да се користи и сега овие банкноти се продаваат на странските туристи како сувенири. Таа беше сменета од американскиот долар, еврото и јужноафриканскиот ранд.

Во 2014 година властите во оптек пуштија „должнички монети“ со номинална вредност 1, 5, 10, 50 центи, за да го решат проблемот со враќањето на ситни пари во продавниците, кои поради недостаток почнаа да даваат бонбони или евтини пенкала.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП