8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДосега најголем пад на вредноста на валутата на Венецуела

Досега најголем пад на вредноста на валутата на Венецуела

150818115142-venezuela-bolivar-780x439

Валутата на Венецуела, таканаречена боливар почна со големо темпо да се намалува.

Аналитичарите предвидоа пред неколку недели , дека со проширување на понудата на пари може да се купи само ограничено мало количество на долари.

Валутата загуби 45 отсто од својата вредност овој месец со 2,753 боливари за еден долар, тоа е засега најголемиот пад некогаш на валутата во Венецуела.

Владата започна со стимулирање на боливари во финансискиот систем со забрзан ритам, што произлезе со поттисната побарувачка.

Инфлацијата најверојатно ќе се зголеми за 400 отсто до крајот на 2016 година. Понудата на пари во Венецуела се зголеми за 127 отсто во текот на изминатата година.

Венецуела одржува строга контрола на валутата од 2003 година и моментално има два легални курса- познати како Dipro и DICOM – од 10 и 661 bolivars за еден долар кои се користат за приоритетни увозни добра. На црниот пазар, каде што луѓето и бизнисите се обраќаат кога не можат да добијат одобрение од владата за купување долари по легален девизен курс, боливар валутите падна за 69 отсто во однос на минатата година.

На црниот пазар, девизниот курс може да изнесува 3.500 до 4.000 боливари за еден долар до крајот на годинава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП