5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАOд економското oпоравување најмногу профитирале богатите

Oд економското oпоравување најмногу профитирале богатите

oecd888

Во својот нов извештај Organisation for Economic Co-operation and Development објавува дека посиромашните кои најмногу беа погодени од економската криза беа оставени сами на себе.

Организацијата, исто така, во својот извештај откри дека приходот на 10 отсто од луѓето во развиените држави се намалил за 16,2 отсто од 2007 до 2010 година, додека износот на приходите на најбогатите луѓе се смалил за 4,6 отсто.

Резултатите од економското заздравување покажуваат дека постои голема разлика во приходите. Платите на најбогатите се на исто ниво од пред кризата, додека другите заработиле 14 отсто помалку отколку од пред кризата.

Меѓу 2010 и 2014 година 10 отсто од најниските приходи се зголемени за 1,6 отсто, во споредба со зголемените 5,2 отсто на високите класи.

Податоците покажуваат САД е меѓу најнееднаквите земји. Најбогатите 20 отсто од Американците заработуваат 8,7 пати повеќе од најсиромашните 20 отсто. Во земјите како Исланд, Норвешка и Данска разликата во приходите е помала. Таму најботатите 20 отсто заработуваат 3,5 пати повеќе од луѓето со најмали приходи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП