
МЕПСО потврди дека постоечките далекуводи кои се во функција повеќе од 50 години во охридскиот регион, ќе бидат заменети со нови.


МЕПСО потврди дека постоечките далекуводи кои се во функција повеќе од 50 години во охридскиот регион, ќе бидат заменети со нови.
Меѓу позначајните проекти е изградба на нов 400 kV далекувод што ќе ги поврзува електропреносните системи на Македонија и на Албанија и изградба на нова 400/110 kV трансформаторска станица во Охрид.
Овој проект вклучува изградба на неколку нови 110 kV далекуводи кои ќе ги заменат постоечките далекуводи, модернизација на примарната и на секундарната високонапонска опрема низ повеќе трансформаторски станици и автоматизација на нивното управување.
Во рамките на проектот ќе биде искористен и грант од 12 милиони евра на ЕУ. Со 37 милиони евра за 400 киловолтен далновод, ќе се поврзат македонскиот и албанскиот електропреносен систем. Со кредитот ќе бидат изградени 95 километри и 400 киловолтен далекувод од Битола до македонско-албанската граница и нова трансформаторска станица во близина на Охрид. МЕПСО во овој проект ќе учествува и со сопствено учество на средства кои се дел грантот добиен во износ од 12 милиони евра од фондот Инвестициона рамка за Западен Балкан и Европската унија.