17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропски регулатор предупреди 8 земји за хипотекарната задолженост

Европски регулатор предупреди 8 земји за хипотекарната задолженост

hip-zadolzenost33

Регулаторот за финансиска стабилност во Европската унија предупреди осум земји за ризиците на нивните пазари на станбен имот, вклучително и за зголемените нивоа на хипотекарен долг или „прегревање“ на цените на куќите, пренесе „AP“.

Европскиот совет за системски ризик (ESRB) упати предупредувања кон Австрија, Белгија, Данска, Финска, Луксембург, Холандија, Шведска и Велика Британија.

Во соопштението на Европскиот совет за системски ризик се наведува дека клучните слабости се поврзани со зголемената задолженост на домаќинствата, кои би можеле да влијаат на нивната способност да исплаќаат хипотеки, или со „оценувањето или ценовната динамика кај станбените имоти“.

„ESRB“ сепак забележува, дека во краткорочна перспектива не се поставуваат проблеми и се прецизира дека предупредувачкиот сигнал се однесува за среден или донекаде долг рок.

Основната задача на советот е да ги открива ризиците за финансискиот систем како целина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП