8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНови вработувања по успешно завршена талент програма на Сеавус

Нови вработувања по успешно завршена талент програма на Сеавус

aaa

Софтверската компанија Сеавус, во рамките на својата талент програма успешно заврши уште еден тренинг за IT OSE (IT Operations and Support Training) со цел регрутирање на млади, талентирани и амбициозни инженери.

Програмата за IT OSE таленти на Сеавус, која се оддржа во октомври 2016-та година, беше бесплатна и наменета за дипломирани студенти или студенти на последна година на техничките факултети во земјава, како и за сите кои имаат познавања од ИТ индустријата.

Во времетраење од еден месец, избраните кандидати имаа можност да ги усовршат своите вештини за имплементација на Multi-layer Monitoring системите, како функционира администрирањето и одржувањето на MS SQL или Oracle серверите и како се решаваат проблемите кај апликациите, мрежите и системите.

По завршувањето на тренингот, Сеавус вработи четворица IT Operations инженери кои започнаа да работат во дивизијата за Managed Services, која е вброена во листата на топ 100 Managed Services провајдери во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП