29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHongqi L9 - Кинески Rolls-Royce од 1.2 милони еврa

Hongqi L9 – Кинески Rolls-Royce од 1.2 милони еврa

hongqi 1

„Hongqi“ е бренд на кинескиот производител „FAW“ кој е основан во педесетите години од минатиот век се со цел да го снабдува врвот на комунистичката партија со луксузни лимузини.

Името на новиот бренд во превод значи „црвено знаме“ и има карактеристики наменети за буржоазијата, а не за пролетеријатот.

hongqi 11

Станува збор за најновата верзија на моделот „CA770“ кој се произведува уште од 1996-та година. Новиот автомобил е наречен „L9“, а сличности со оргиналниот од времето нa Мао Це Тунг скоро и нема.

Во прашање е лимузина која досега беше достапна само за највисокото партиско раководство, а во која за време на прославата на 60 години Народна Република Кина во 2009-та година се возеше и првиот човек на партијата и државата, Ху Џинтао.

hongqi 111

„L9“ има пократко меѓуосовинско растојание во однос на претседателскиот модел, додека под неговата хауба се наоѓа ист 6.0 литарски дванаесетцилиндарски мотор со 500 KS и 550 Nm вртежен момент.

„FAW“ не ја соопшти цената, но ако може да се верува на изворите од Кина, цената на основниот модел на кинескиот „Rolls-Royce“ ќе изнесува над 610.000 евра, додека за луксуз каков што имал Ху Џинтао потребено е да се издвојат 1.2 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП