2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОсло и Москва ги обновуваат економските врски

Осло и Москва ги обновуваат економските врски

norveska-rusija

Норвешка на највисоко ниво ги обнови преговорите со Русија за трговијата и економската соработка кои беа суспендирани по одлуката на Крим да стане руска територија во 2014 година, соопшти вчера норвешкото Министерство за трговија, индустрија и рибарство.

„Ове е прв пат Норвешка и Русија да имаат билатерални состаноци на министерско ниво од 2014 година“, соопшти Министерството.

Норвешка учествува во санкциите насочени против Русија од 2014 година.

Норвешкиот министер за индустрија и министерот за нафта се состанаа на одвоени состаноци со министерот на руски национални ресурси Сергеј Донској.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП