Владимир Путин, претседателот на Руската Федерација и првиот човек на евроазискиот блок, потпиша закон со кој се утврдува нова финансиска рамка за економско работење, што ќе им овозможи на Русија и на уште пет земји членки на Евроазискиот економски сојуз да не ги користи доларот и еврото како валута за меѓусебна трансакцијата.
Станува збор за таканаречен единствен финансиски систем на земјите од Царинската Унија, Сојуз на независни држави (СНД), или земјите од поранешниот советски простор.
Белорусија, Казахстан, Ерменија, Киргистан и Таџикистан, како земји членки на СНД ќе можат да тргуваат без користење на доларот како валута, откако овој закон ќе стапи на сила.
Законот е даден на гласање во државната Дума, односно на ратификување на Спогодбата што ги уредува новите одредби на финансиското работење меѓу споменатите држави.
Овој потег може да се предизвика сериозен удар врз финансиските системи на САД и ЕУ а исто така би можел да ја доведе до колапс на економијата на евроатланскиот бклок.