10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов филмски парк од 2,2 милијарди долари во Кина

Нов филмски парк од 2,2 милијарди долари во Кина

%d0%b3%d0%be%d1%86%d0%b5

Кина ќе инвестира 15 милијарди јуани (2,2 милијарди долари) во изградба на нов филмски индустриски парк. Објектот ќе се наоѓа во планинскиот регион во близина на градот Чонгкинг, во југоисточниот дел од земјата.

Паркот вклучува филмско студио, туристички град , тематски парк, центар за обука и канцеларии за културни претпријатија и нивните инвеститори.

Тој ќе го носи името на иницијативата „Еден појас, еден пат“, дел од „Новиот пат на свилата“, сеопфатната стратегија на Кина за меѓународна трговија.

Изградбата на паркот ќе стартува во 2017 година. Компании од десеттина земји ќе се вклучат во изградбата на различни делови од проектот, вклучувајќи тематски парк и туристички град.

Паркот ќе послужи како платформа за спроведување саеми, ќе ја стимулира размената и соработката меѓу кинеските и странските филмски претпријатија, ќе го интегрира традиционалниот сектор со најбрзо растечка индустрија за онлајн забава, игри, виртуелна реалност и технологии со збогатена реалност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП