9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрците добија нов услов: Ако сакате помал долг...

Грците добија нов услов: Ако сакате помал долг…

1083092570583c4acddc4a8460295563_w640

Членот на Европската централна банка Беноа Кер ги повика меѓународните кредитори на Грција да и го ублажат товарот од долгот, доколку Атина се соглси со воведување на построги мерки за штедење.

„Сите учесници во грчкиот пакет за прилагодување сфаќаат дека постои сериозна загриженост во поглед на одржливоста на грчкиот јавен долг“, изјави Кер на бизнис конференцијата во Атина во пресрет на состанокот на грчкиот премиер Алексис Ципрас, пренесува агенцијата Франс прес.

Како што додаде, ЕЦБ се радува за решавањето на прашањето за грчкиот долг, а членките на еврозоната дискутираат за поширокиот спектар на потенцијални мерки кои грчкиот долг би требало да го направат одржлив.

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), исо така, денес ги повика кредиторите да и помогнат на Грција.

„Дури и со исполнувањето на амбициозните среднорочни фискални цели, повеќе мора да биде направено со цел јавниот долг да остане одржлив“, се наведува во извештајот на ОЕЦД.

Кредиторите бараат од грчките власти пофлексибилни договори за работа и драстично помала заштита за проблематичните хипотеки.

Грчките официјални претставници, стравуваат дека тие мерки ќе ја продлабочат кризата, со оглед на тоа дека повеќегодишната рецесија предизвика пад на БДП за четвртина и двојно ја зголеми стапката за сиромаштија.

Јавниот долг на Грција оваа година би требало да достигне на ниво од дури 180,3 проценти од БДП, наведува американската агенција.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП