16 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАРежисерката Абаџиева од Бугарија ќе режира во Драмски театар

Режисерката Абаџиева од Бугарија ќе режира во Драмски театар

424497_111045399074425_1185630313_n

Кон крајот на декември бугарската режисерка Лилија Абаџиева на сцената на Драмски театар ќе ја постави театарската претстава „Франкенштајн“, работена според истоимената книга на Мери Шели.

Абаџиева досега имаше соработка со македонските актери и театри. Ја има режирано „Женидба“ на Гогољ во Народниот театар во Битола, „Ромео и Јулија“ на Шекспир во МНТ, како и гостувањето со претставата „Ѕвонарот на богородичната црква “ минатата година на МНТ фестивалот.

Абаџиева повторно ќе соработува со македонскиот театар, пробите се веќе започнати а во претставата ќе играат: Благица Димитровска, Емилија Мицевска, Гордана Ендровска, Виолета Шапковска, Александра Павлова, Соња Стамболџиоска, Биљана Драгичевиќ Пројковска, Александар Степанулевски, Игор Стојчевски, Димитрија Доксевски, Диме Илиев, Филип Трајковиќ, Зоран Љутков, Рубенс Муратовски.

Сценографијата и костимографијата се на Васил Абаџиев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП