17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСлаб снег на патните правци, Гостивар-Маврово-Дебар и Гостивар-Стража-Кичево со забрана за тешки...

Слаб снег на патните правци, Гостивар-Маврово-Дебар и Гостивар-Стража-Кичево со забрана за тешки товарни возила

avtopat-obikolnica-soobrakajot

Сообраќајот на сите патни правци низ државата се одвива по влажни коловози. Слаб снег провејува на секаде кој не се задржува на коловоз.

Забрани за тешки товарни возила има на патните правци Гостивар-Маврово-Дебар, Гостивар-Стража-Кичево и обратно.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.

Од неделата целосно е затворен за сообраќај регионалниот пат Р1309 с.Грдовци-с.Зрновци, поради рушење на мостот на река Брегалница и изградба на нов мост.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП