ПочетнаЕКОНОМИЈАВчера започна јавната берзанска аукција на Македонска берза

Вчера започна јавната берзанска аукција на Македонска берза

берзи-азиски-европски-berzi-aziski-evropski

На Македонската берза за хартии од вредност во понеделникот започна одржувањето на јавните берзански аукции каде се нудат за продажба пакети од обични акции понудени од страната на Агенцијата за управување со одземен имот.

Во деновите 29.11, 30.11, 01.12 и 02.12 ќе продолжат да се нудат за продажба непродадените пакети акции понудени на аукцијата одржана претходниот ден.

Вкупниот промет на пазарот изнесуваше 40,8 милиони денари, а 68 трансакции беа реализирани.

На официјалната страна на МСЕ, Тутунски комбинат АД Прилеп ги објави одлуките од собранието на акционери меѓу кои и одлуката за распределба на добивката која ќе биде наменета за покривање на генерираните загуби на компанијата.

МБИ10 вчера забележа раст на вредноста од 0,46 отсто додека ОМБ остана непроменет.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП