19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПознати добитниците на државната награда „Св. Климент Охридски“

Познати добитниците на државната награда „Св. Климент Охридски“

nagrada-kliment

Познати се добитниците на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2016 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.

Во областа на воспитанието и образованието, наградата му се доделува на проф. д-р Марко Китевски, фолклорист.

Во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на проф. м-р Гордана Јосифова–Неделковска, музички уметник, проф. м-р Жарко Башески, скулптор, Весна Стојчевска, поетеса и Лилјана Мазова, театарска критичарка и публицистка.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 8 декември 2016 година во 12 часот, во свечената сала на Собранието на Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП