1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманските компании сакаат да отворат нови 450.000 работни места во 2017-та

Германските компании сакаат да отворат нови 450.000 работни места во 2017-та

germaindustri33

Во Германија особено голема е побарувачката на кадри во областа на здравството и грижата, а исто така и во областа на образованието, покажува истражувањето на Федералната асоцијација на трговските комори во Германија (Deutscher Industrie- und Handelskammertag – DIHK), цитирано од „Bild“.

Во овие области компаниите имаат намера да создадат над 150.000 работни места во текот на следната година. Во областа на трговијата и на гастрономијата можат да се отворат 100.000 места, а во индустријата – 30.000 места.

Генералниот директор на „DIHK“, Мартин Ванслебен изјави за „Bild“ дека пазарот на труд продолжува да се развива добро. Според него најголем ризик за претпријатијата е недостатокот на квалификуван персонал. Според него тоа води до зголемена побарувачка за такви кадри од страна на германските фирми.

„Претпријатијата сакаат да си обезбедат квалификуван персонал, бидејќи овој проблем ќе станува се поголем“, додаде Ванслебен.

Поради високата побарувачка на персонал индустриските и трговските комори во Германија ќе ја подобрат својата обврска кон интегрирање на бегалците преку едукација и настава на занаети. Претседателот на „DIHK“, Ерик Швaјцер изјави дека ќе бидат инвестирани нови 15 милиони евра за интегрирање. Досега од „DIHK“ се вложиле 20 милиони евра во такви мерки.

Швајцер ја пофали добрата соработка на одделните области со работните посредници, професионалните училишта, градовите, заедниците, а исто така и доброволните соработници. Најслабата алка останува јазичната обука. Германскиот кој се предава во интеграциските курсеви, не е доволен за понудените работни места, додаде претседателот на „DIHK“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП