20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСоветот на ЕУ конечно го одобри буџетот за 2017-та

Советот на ЕУ конечно го одобри буџетот за 2017-та

sovet-evropa333

Советот на Европската унија (ЕУ) денес го даде конечното одобрување на буџетот на Унијата за 2017-та година, објавија од прес-службата на Советот.

Европскиот парламент (ЕП) е предвидено да го гласа буџетот за следната година на 1-ви декември.

Буџетот на ЕУ за 2017-та година предвидува вкупно 157,858 милијарди евра обврски и 134,490 милијарди евра плаќања.

Од нив во поддршка на растот се предвидуваат 74,899 милијарди евра обврски и 56,522 милијарди евра плаќања кои се во две главни насоки – за конкурентност, раст и работни места и за економска, социјална и територијална кохезија.

Вкупно 500 милиони евра од буџетот ќе се користат за поддршка на младите за наоѓање на работа. Одделно 500 милиони евра се предвидени за поддршка на млечниот сектор и фармерите.

Со над 11% се зголемува буџетот поврзан со бегалската и миграција криза. Средствата ќе се користат од страна на земјите членки за поместување на бегалците, создавање на приемни центри, интеграција и враќање на странци кои немаат право да останат на територијата на ЕУ.

Дел од средствата ќе се насочат за засилување на границите на Унијата и за антитерористички иницијативи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП