20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовеќе кредити - Ќе оди ли ЕЦБ чекор понатака?

Повеќе кредити – Ќе оди ли ЕЦБ чекор понатака?

1889434791583c19bbaf605312765127_w640

Кредитирањето на компаниите и домаќинствата во еврозоната е благо зголеменo во октомври, покажаа објавените податоци на Европската централна банка (ЕЦБ).

Обемот на банкарските кредити кои во октомври им се одобрени на компаниите и домаќинствата порасна за 2,0 проценти на годишно ниво, пренесува агенцијата Франс прес.

Кредитирањето, исто така, е благо забрзано и во однос на септемри, кога е зголемено за 1,9 проценти.

Најновите податоци ги подгреаа очекувањата на анлитичарите дека ЕЦБ наредната недела, на 8-ми декември, ќе ја прошири актуелната програма за монетарно олабавување.

Како што потсетува АФП, ЕЦБ во март ги намали каматните стапки на рекордно ниско ниво, проширувајќи ја програмата за откуп на обврзници на 80 милијарди евра месечно и понудувајќи им на банкарите нова рунда на кредити по ниски камати, во настојување во финансискиот систем да се вбризгаат нови средства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП