Либија нема да се приклучи на одлуката за намалување на производството на нафта. Можните ограничувања ќе бидат дискутирани од ОПЕК во текот на оваа недела.
Либија нема да го прифати предлогот на ОПЕК за намалување на производството на нафта. Земјата ќе се обиде да се врати на нивото на производството пред воениот конфликт.
Од септември Либија го зголеми двојно дневното производство на нафта на 600.000 барели на ден, откако беа укинати некои блокади на нафтени капацитети во земјата. Триполи е сепак далеку од нивото од 2011 година, кога во земјата се добиваа по 1,6 милиони барели на ден.
Прашањето за намалувањето на производството на нафта ќе биде разгледано на седницата на ОПЕК , што ќе се одржи на 30 ноември во Виена. Се шпекулира дека е можно да се постигне решение за намалување на квотите на нафта, но од него ќе бидат исклучени Либија и Нигерија, каде производството исто така беше погодено од воен конфликт.