5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПониски продажни цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар

Пониски продажни цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар

industriski-proizvodi22

Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 0.1% на месечно ниво и за 0.2% на годишно ниво.

Во октомври 2016, во споредба со септември 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Интермедијарни производи освен енергија за 0.2%, Енергија за 0.1%, Капитални производи за 0.1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.1%, додека во групата Трајни производи за широка потрошувачка се останати на исто ниво.

Во октомври 2016, во споредба со октомври 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Интермедијарни производи освен енергија за 3.3% и во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.1%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП