18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКолку се силни градбите на Скај Сити?

Колку се силни градбите на Скај Сити?

skycity000

Во текот на историјата на архитектурата, има постојана потрага и натпреварување во иновацијата и големина на градбите. Почнувајќи од пирамидите во Египет, до катедралите во Европа, па се до новите високи облакодери во Азија, инвеститорите постојано се стремат да ја достигнат висината која за сите во архитектурата преставува посебна и голема инспирација.

Она со кое Македонија може да се гордее во ова поле се висококатниците на Џевахир Скај Сити. Четирите згради со по 40 ката што преставува најголемиот и највисокиот комплекс во Македонија и на Балканот.

Градбите можат да достигнат толкава висина само ако се стабилни и силни, односно ако нивната основа и база е цврста и ги задоволува сите можни домашни стандарди за безбедност во градењето што впрочем се на исто ниво со светските. Она што ја гарантира безбедноста и цврстината на Скај Сити зградите се 716-те столбови под основата, каде секој столб е долг 24 метри во длабочина и 1 метар дијаметар во широчина. Овие столбови заедно со двата подземни ката се вкупно 32 матри под земја. Неодамнешните тестирања од страна на Институтот за земјотресно инжинерство и инжинерска сеизмологија докажаа дека комплексот на Скај Сити без никаков проблем може да издржи земјотрес повисок од 7 степени според Рихтер.

Експертизата на институтот искомбинирана со искуството од ваков тип објекти што ги гради Џевахир резултира со потврда дека овие згради се најсигурна градба во Македонија, а исто така и го потврдува фактот дека во земјата можна е изградба на високи градби од голема издржливост ако се запазат и почитуваат сите зададени критериуми при градење.

skycity001

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП