26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа Black Friday и Thanksgiving, Американците потрошиле помалку од лани

За Black Friday и Thanksgiving, Американците потрошиле помалку од лани

haos333

Американското Национално биро за малопродажба (NRF), објави дека Американците оваа година за време на потрошувачкиот викенд потрошиле помалку во однос на минатата година.

(NRF), објави дека оваа година за време на Black Friday и Thanksgiving, Американците потрошиле за 3,5 отсто помалку во однос на мината година.

Од направеното истражување на NRF на 4330 луѓе, резултатите покажуваат дека годинава потрошувачите во просек потрошиле 289,19 долари, за разлика од минатата година кога тој износ бил 299,60 долари.

Истражувањето покажува дека 154 милиони луѓе направиле купување во текот на четирите денови во однос на 151 милион луѓе од лани.

За разлика од малопродажбата, пораст бил забележан во онлајн купувањето.

Посебно истражување објавено од Adobe Digital Insights покажува дека за Black Friday и Thanksgiving онлајн продажбите достигнале вкупна вредност од 5,27 милијарди долари, 18 отсто повисоко од минатата година.

Облека, бела техника, електроника, книги, видео игри и подарок картички биле популарни предмети купени во текот на викендот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП