26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарија ја отфрли идејата за предвремено затворање на нуклеарните централи

Швајцарија ја отфрли идејата за предвремено затворање на нуклеарните централи

svisnuk33

Швајцарија во неделата на референдум го отфрли предлогот да се забрза повлекувањето на земјата од нуклеарната енергија. Поголемиот дел од кантоните гласаа против планот. Според швајцарскиот систем, за успехот на референдумот потребно е предлогот да добие поголем дел од кантоните, но и гласови од бирачите.

Планот за повлекување од нуклеарната енергија, кој е промовиран од страна на Партијата на зелените, предвидува дека до 2029 година би требало да биде затворена и последната од петте швајцарски нуклеарни централи, кои во моментов обезбедуваат 40 отсто од електричната енергија во земјата.

Според проекција на телевизија SRF, против оваа иницијатива биле 55 отсто од гласачите, додека 45 отсто гласале за нив.

Како и другите земји по катастрофата што ја погоди нуклеарната централата Фокушима во Јапонија, Швајцарија вети дека ќе се откаже од нуклеарната енергија во текот на следните години, но анти-нуклеарните групи тврдат дека временскиот план на швајцарската влада не е доволно брз, па покренаа иницијатива за референдум кој ќе го забрза тој план.

Во рамките на планот за енергетика на кој рокот за имплементација е до 2050 година, Владата на Швајцарија се согласи да не ги замени своите постоечки нуклеарни централи, туку тие да можат да работат се додека тоа се смета за безбедно, а во меѓувреме Владата ќе преминува на други извори на енергија, на пример како што се: ветерот, сончевата енергија и биомасата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП