22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа железничко поврзување на мегаградот Џинг-Џин-Џи Кина ќе инвестира 36 млрд долари

За железничко поврзување на мегаградот Џинг-Џин-Џи Кина ќе инвестира 36 млрд долари

1246813-download-1480321688-538-640x480

Кина ги одобри средствата во висина од 36 милијарди американски долари за подобрување на железничките врски меѓу главниот град Пекинг, пристанишниот град Тианџин и соседната покраина Хебеи, во рамките на поврзувањето на трите области во мегаградот Џинг-Џин-Џи.

Државната комисија за развој и реформи во изјавата објавена во понеделникот наведува дека планот ќе спои девет проекти кои предвидуваат изградба на железничка пруга со вкупна должина од 1.100 километри. Тие проекти ќе бидат спроведени до 2020 година, а се дел од поголемиот план кој ќе се протегне до 2030 година.

Се проценува дека моменталната популација во тие три области е околу 110 милиони луѓе, а кога плановите ќе бидат заокружени, ткн проект Џинг-Џин-Џи ќе покрива подрачје со големина 212.000 квадратни километри, или двојно поголема од површината на Јужна Кореја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП