23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА9 земји со над 1 милион милионери

9 земји со над 1 милион милионери

bogati

Податоци на „Credit Suisse“ покажуваат дека денес во светот има 32.9 милиони милионери, а 13,5 милиони од нив се од САД.

Само по пет години бројот на богаташите ќе се зголеми за повеќе од 12 милиони и ќе достигне 45.06 милиони.

Вкупно 9 земји во светот денес, а и по 5 години, ќе имаат повеќе од 1 милион милионери.

Во 2021-ва година во САД ќе има 18,06 милиони милионери, што е пораст од 33% во однос на 2016-та година. Јапонија и Велика Британија се другите врвни локации за милионерите, па нивната бројка изнесува 3,6 милиони и 3.12 милиони, додека во Кина, каде што денес има 1,5 милиони милионери, се очекува тие да се зголемат до 2,7 милиони за 5 години. Токму со својот раст од 73% во наредните години Кина ќе ги надмине Германија и Франција, каде во 2021-ва година ќе има 2.13 и 2.11 милиони богати.

Останатите земји, каде што живеат над 1 милион милионери, се Канада, Австралија и Италија, а токму во првите две се очекува доста сериозно зголемување на бројот на богатите со 54 и 50%, соодветно.

Раст од над 50 отсто во наредните години ќе следи и во Индија, каде во 2021-ва година ќе има 280 илјади милионери. Иако растот, индиските богаташи ќе се релативно помалку од Јужна Кореја (955 илјади), Швајцарија (816 илјади) и Шпанија (544 илјади).

Во извештајот на „Credit Suisse“ се наведува дека по 5 години во светот ќе има нови 945 милијардери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП