22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗелената енергија ќе ги зголеми сметките за струја во Германија во 2017-та

Зелената енергија ќе ги зголеми сметките за струја во Германија во 2017-та

zelena-energija2233

Од 1-ви јануари 2017-та година 250 провајдери на електрична енергија во Германија ќе ја зголемат цената за своите клиенти, соопштува интернет изданието „The Local“.

Пресметките се дека во просек растот ќе биде во рамките на 3,5%, што значи дека трошоците за електрична енергија во 2017-та година ќе се зголемат за 50 евра. Во некои провинции сепак зголемувањето ќе биде значајно – во Баварија пример, цените ќе се зголемат за 15 отсто.

Причината за ова зголемување не е цената на струјата на големо, затоа што на пазарите таа го достигнува најниското ниво веќе со години. Сепак се зголемува една од компонентите – за зелена енергија.

Субвенциите за обновлива енергија ќе се зголемат со 8,3% во 2017-та година до 6,88 евроценти за киловат, посочува весникот. Во просек сектор добива околу 29,5 милијарди евра годишно поддршка од државата.

Не сите провајдери објавија за зголемување на цената на струјата. Некои од големите компании како „RWE“ и „E.on“ засега се воздржуваат од таквите најави, што не значи дека во 2017-та година нема да се придвижат кон овој чекор.

Законодавството во Германија предвидува компаниите да ги информираат своите клиенти шест недели однапред за планираната промена во цената на електричната енергија.

Опција за корисниците да го избегнат зголемувањето на сметките е да го променат добавувачот. Експертите предупредуваат за можни стапици – пример бонус за нов клиент кој ќе ги подлаже корисниците дека понудата генерално е поповолна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП