22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Колку е долгот по глава на жител во секоја...

График на денот: Колку е долгот по глава на жител во секоја земја?

debt44

Државниот долг е еден од најзборуваните прашања во политиката. По глобалната рецесија луѓето почнаа да се сомневаат во долгот и последиците од премногу големите обврски на државата.

Иако некои земји може да имаат висок долг, а други низок, подобар индикатор е обемот на долгот, поделен на населението, коментира „HowMuch.net“. Денешниот график го покажува токму колку точно од долгот паѓа на глава на жител во соодветна земја.

Сумата на секоја земја на графиконот го претставува износот на пари што секој човек го должи кон националниот долг. Земјите се обоени во поинакви бои во зависност од она што е односот на долгот спрема бруто домашниот производ на земјата. Колку поголема е обврската на глава на жител на една земја, толку поцентрално место зазема таа на мапата. Сите суми се во американски долари.

Токму во центарот лежи Јапонија – земјата со највисок долг од секој нејзин граѓанин. Јапонија трупа долгови откако „нејзиното економско чудо“ се испразни во 90-тите години. Секој Јапонец должи по 85.694,87 долари кон националниот долг, што е многу повеќе од која било друга земја. Ирска исто така се издвојува во толпата, па секој Ирец должи по 67.147,59 долари кон државниот долг на земјата.

Сите други земји со висок волумен долг од секој граѓанин се развиени држави како САД, Белгија, Австрија, Велика Британија, Италија, Германија и други. Развиените земји можат да заземаат повеќе пари, бидејќи инвеститорите во целина им веруваат дека ќе ги исплатат целосно обврските. Сепак многу богати земји имаат зачудувачки висок долг.

Земјите со најнизок долг по глава на жител се релативно сиромашните земји. Либеријците должат најмалку пари кон државниот долг на земјата – 27,44 долари. Други сиромашни држави со низок долг ги вклучуваат Демократска Република Конго со 90,70 долари по лице и Хаити со 204,33 долари на човек.

Сиромашните држави обично нема можност да земаат државен долг, бидејќи инвеститорите не се подготвени да им понудат заеми. Постојат неколку исклучоци од трендот во посиромашните земји да должат помалку пари. Тајван е релативно богата земја со голема економија во однос на големината на населението, но секој тајванец должи само 7.223,90 долари кон националниот долг.

Македонија исто така се вбројува меѓу земјите чии граѓани должат мала сума кон државниот долг. Според податоците на секој Македонец отпаѓаат обврски по околу 2.400 долари.

the-snowball-of-debt-c4dc

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП