4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкраина сака руски гас

Украина сака руски гас

russianoilfield-xlarge_transhqeqwiqyn_hlsj_hcwhejahzubtzv4yyt6goqj728bo

Украинската енергетска компанија „Нафтогас“ соопшти вчера дека е подготвена да продолжи со купувањето на гас од Русија.

Соопштението е објавено само неколку часа по состанокот со рускиот министер за енергетика Александар Новак и потпретседателот на европската комисија Марош Шефчовиќ во Москва.

Новак и Шефчовиќ најавија дека претставниците на ЕУ, Русија и Украина би можеле да се состанат следниот месец поради разговор за испораката на гас за Украина.

„Нафтогас“ минатата година престана со купувањето на гас од Русија бидејќи ја искористи позајмицата од 500 милиони долари добиени до Европската комисија за набавка на неопходна количина од овој енергент за зимата.

Украина откогаш се потпира на т.н. повратна испорака на гас, откупувајќи го овој енергент од европските држави кои претходно го купиле од Русија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП