24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија и во октомври во дефлација, осум месеци по ред

Јапонија и во октомври во дефлација, осум месеци по ред

jen-yen

Потрошувачките цени во Јапонија паднаа во октомври осми месец по ред, што е најдолгата серија на нивниот пад од периодот 2009-2011 година, укажувајќи на се посилното одалечување на земјата од постигнувањето на целната инфлација од 2,0 проценти, јавува агенцијта Блумберг.

Потрошувачките цени, главното мерило за инфлацијата на банката на Јапонија, без цените на свежите намирници, паднале за 0,4 проценти во октомври меѓугодишно, што е во склад со прогнозите на економистите.

Од друга страна, вкупните потрошувачки цени забележаа раст од 0,1 проценти, додека базната инфлација (која вклучува волатилни цени на храна и енергија) е зголемена за 0,2 проценти во однос на антиципираните 0,1 проценти.

Продолжувањето на падот на цените ја нагласува тежината на борбата на јапонската власт за прекин на дефлаторскиот циклус, кој повторно зајакна поради слабиот раст на платите, по нискиот сентимент на потрошувачката и жестоките натпревари меѓу тргоците кои се надаваат во дисконтирањето на цените.

Дури и откако гувернерот Харухико Курода вети дека инфлацијата ќе ја надмине целта, домаќинствата и компаниите се уште не се отргнаа во целост од „дефлаторниот начин на размислување“, наведува њујоршката агенција.

За фискалната година која завршува во март, централната банка очекува негативна инфлација од 0,1 проценти, што е во остра спротивност со нејзините предвидувања за растот од 2,1 проценти од април 2014 година. Присутни се и очекувањата дека владата би можела да ја зголеми фискалната потрошувачка идната година.

Единствена светла точка може да биде влијанието на победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, која го ослаби јенот создавајќи инфлаторен притисок преку растот на увозните цени, што истовремено ги зајакнува корпоративните профити во Јапонија, заклучува Блумберг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП