26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПо скандалот, Lego сепак ја отвора својата прва фабрика во Кина

По скандалот, Lego сепак ја отвора својата прва фабрика во Кина

legos_children-640x407

Компанијата „Lego“ ја отвори својата прва фабрика во Азија, што е петтата негова фабрика во светот.

Фабриката е отворена година дена откако данската компанија беше вовлечена во полемиките поради одбивањето да ги продаде популарните детски играчки „лего коцки“на провокативниот кинески уметник Ај Вејвеј, известува агенцијата АФП.

Сместена во кинескиот град Џиасинг во источниот дел на провинцијата Чеџијанг, ќе изработува до 80 проценти од компаниските производи кои се продаваат на азискиот пазар кој доживува бум, соопшти данската компанија.

Кинескиот брзорастечки пазар е добивка за странските компании, дури иако забавува експанзијата на втората по големина светска економија.

Претходно оваа година, „Lego“ го отвори тогаш најголемиот малопродажен центар на светот во Шангај, дополнувајќи ја својата понуда со фигури кои се прават од коцки змејови и нинџи, а со желба да ги привлече азиските купувачи.

„Азија – вклучувајќи ја и Кина – претставува клучен пазар за „Lego“ групацијата“, изјави Бали Пад, главниот менаџер на производство во компанијата.

Новата фабрика во Кина ќе вработи 1.200 лица, а во неа ќе бидат инвестирани повеќе од 100 милиони евра, наведе „Lego“ групацијата, не откривајќи повеќе детали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП