25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОланд задоволен, невработеноста помала за 100.000 лица

Оланд задоволен, невработеноста помала за 100.000 лица

165828059158384a21d622f501792862_w640

Бројот на невработени во Франција е намален во месец октомври за речиси 12.000, со што вкупното намалување во оваа година надмина цифра од 100.000.

Бројот на невработени лица регистрирани во државните агенции за вработување во континенталниот дел на Франција во октомври изнесувал 3,48 милиони, што е намалување од 0,3 проценти или за 11,700 помалку отколку во септември.

Кога ќе се земат во предвид и француските прекуморски територии, таа цифра расте на 3,73 милиони, пренесува агенцијата Франс прес.

Во однос на октомври минатата година, регистриран е пад на невработеноста од 2,8 проценти, односно 101,300 лица, што е, според оценките на француското министерство за работа, најголемиот пад од мај 2008 година.

Најновите податоци со нетрпение беа очекувани, бидејќи францускиот претседател Франсоа Оланд вети дека, само доколку ја намали невработеноста, повторно ќе се кандидира за претседател.

Се очекува дека во наредниот месец ќе донесе одлука за кандидатура на претседателските избори, и покрај најниската популарност која ја забележува.

„Од почетокот на годината, невработеноста опадна, иако и понатака е на високо ниво. Борбата е долга, но ние ние сме во тоа веќе неколку години, и има резултати“, изјави Оланд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП