19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзнандувачки поголеми приходи во буџетот на Грција

Изнандувачки поголеми приходи во буџетот на Грција

gre30

Според последните информации во периодот од јануари до октомври во буџетот на Грција се внесени поголеми приходи од очекуваното. Податоците покажуваат дека во периодот во касата влегле 42,09 милијарди евра, што е за 2,2% повеќе од пресметките на Владата.

За десетте месеци буџетот на нашиот јужен сосед забележал примарен суфицит од 6,5 милијарди евра. За истиот период минатата година вишокот беше во износ од 4,53 милијарди евра.

Растот се должи главно од поголемите даночни приходи. Од даноците на доход приходите се за 1,2% повеќе, а приходите од корпоративните даноци се зголемуваат со 11,8 отсто.

Приходите од данокот на додадена вредност (ДДВ) на тутунските производи расте со 3,2%, а во целина приходите од ДДВ се со 1,3% повеќе.

Во исто време, сепак, приходите од даноците на имот се помалку од очекуваните. Неуспех има и во однос на целите при оданочувањето на енергетските производи. Неусогласеност меѓу пресметките и приходите по двете групи е за околу 1 отсто.

Трошоците на владата, исто така се помали од предвиденото. За првите 10 месеци од годинава се потрошени 41,4 милијарди евра, што е за 1,98 милијарди евра помалку од предвиденото. Се намалуваат трошоците за владината инвестициска програма до 2,99 милијарди евра, што е за 860 милиони евра помалку.

Во октомври приходите во буџетот на Грција достигнува 4,98 милијарди евра, што е за 938 милиони евра над очекуваното. Трошоците достигнуваат 4,26 милијарди евра, што е со 112 милиони евра помалку од предвиденото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП