Поради санирање на уличен дефект Ф- 400 мм на Булевар „Србија“ (до игралиште на Цементара Усје), без вода ќе бидат корисниците на високата зона од нас.Аеродром, нас.Лисиче и нас.Кисела Вода од 22.30 часот до санирање на дефектот, известија од „Водовод и канализација“.
„Дефектот е направен од приватна градежна фирма ова утро, каде при изведување градежни активности, се случило оштетување на цевката. Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје веднаш излегоа на терен и делумно го санираа дефектот, во интерес на граѓаните преку денот поголем период да не дојде до прекин на водоснабдувањето“, соопштија од ова јавно претпријатие.
Ќе се продолжи со завршно санирање со почеток од 22.30 часот.