17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрезентиран нов интегриран систем за известување од НБРМ

Презентиран нов интегриран систем за известување од НБРМ

nnbrm

Пред претставниците на комерцијалните банки и други финансиски институции во земјата, членки на Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија , беше претставен новиот интегриран систем за известување на банките кон Народната банка на Република Македонија.

Целта на овој систем е рано детектирање на меури во финансискиот систем, меѓународното споредување на национални податоци, како и навремена расположливост на податоци за носителите на податоци.

Меѓународното статистичко тело, во кое учествуваат Европската централна банка и Евростат, ги идентификуваа клучните статистички јазови и предвидува временска рамка за нивно надополнување преку измени во националните регулативи во четири области: финансиска стабилност, прекугранични финансиски врски, ранливоста на домашната економија на екстерни шокови, како и подобра комуникација на статистиката, а согласно на тоа европските статистички барања за финансиски институции се значајно зголемени.

Како причина за промената на постојаниот систем за известување на финансиските институции до НБРМ беше истакната потребата за хармонизирање на системот за известување со барањата на Европската централна банка, Евростат и останатите европски институции, како и збогатениот сет на статистички податоци во функција на носителите на макроекономските политики на Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП