8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканците за Денот на благодарноста ќе потрошат повеќе од милијарда долари

Американците за Денот на благодарноста ќе потрошат повеќе од милијарда долари

misirka233

Според непрофитната организација Американско сојузно земјоделско биро (AFBF), се очекува Американците да потрошат милијарда долари за традиционалната мисирка за Денот на благодарноста. Просечната цена за една мисирка од 7,5 килограми оваа година изнесува 22,47 долари.

Според податоците за Денот на благодарноста , оваа година во САД се очекува да се продадат околу 45 милиони мисирки. Според AFBF, околу 275 милиони Американци, или 85 отсто од вкупно 324 милиони жители на САД, се очекува да имаат мисирка на својата празнична трпеза.

Од организацијата проценуваат дека просечната цена на овогодишната трпеза за Денот на благодарноста за 10 луѓе ќе изнесува 49,87 долари, што е намалување од 0,24 долари во просек, за разлика од минатогодишниот просек од 50,11 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП